Компирите, морковот и лукот излупетеги и исечете ги на тенки парчиња. Ставете ги во тенџере и додајте ја водата, магдоносот, коцката за супа и маслото. Оставете ги да се сварат 15 - 20 минути додека зеленчукот омекне. Потоа тенџерето тргнете го на страна и изблендирајте го зеленчукот со рачен блендер да се добие изедначена смеса-чорба.
Пробајте ја и ако е потребно додајте сол и бибер по вкус.
Вратете ја да повари уште некои 3-4 минути.
Послужете ја топла со лепче и пиперчиња од туршија -))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани