24
апр
2013
Посна крем супа од тиква и кари
1. Во водата се става тиквата да се вари, компирот, ловоровиот лист
2. Настрана во тавче се запржува кромидот сечкан,лук по вкус 4-5 парченца на масло, само да омекни да добие стаклест сјај
3. Варената тиква и компирот заедно се ставаат во блендер со малку од водата во која се вареа, исто и пропржениот кромид, се блендира и се враќа назад во водата каде се вареа претходно, се додава мешан сув зачин, кари (по вкус за јачина)
4. За посна варијанта се служи вака приготвена, а доколку сакаме мрсна , тогаш во топла крем чорба се додава некоја лајца кисела павлака.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови