Испечати

Посна крем супа од тиква и кари

Посна крем супа од тиква и кари

Состојки

  • ПОТРЕБНО
  • 400ГР. тиква-чистена
  • 1 компир
  • 1 л.200мл. вода
  • 1 главица кромид
  • од зачини
  • по желба кари, мешан сув зачин, црн бибер, сол

Подготовка

1. Во водата се става тиквата да се вари, компирот, ловоровиот лист
2. Настрана во тавче се запржува кромидот сечкан,лук по вкус 4-5 парченца на масло, само да омекни да добие стаклест сјај
3. Варената тиква и компирот заедно се ставаат во блендер со малку од водата во која се вареа, исто и пропржениот кромид, се блендира и се враќа назад во водата каде се вареа претходно, се додава мешан сув зачин, кари (по вкус за јачина)
4. За посна варијанта се служи вака приготвена,  а доколку сакаме мрсна , тогаш во топла крем чорба се додава некоја лајца кисела павлака.