
26
окт
2014
Крем салата со кикирики
Мојата омилена крем салата!
Рецептот ми е одамна, иако не го добив како готов туку ми ги кажаа само состојките, а јас експериментирав и дојдов до овој сооднос кој за мене е идеален.
Кикириките сомелете ги или искршете ги во зависност од тоа дали сакате салатата да има по кремава структура или сакате кикириките да ви крцкаат. Додадете ги во измешаните урда, павлака и мајонез и на крај ставете сув копар и сол по вкус.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови