Значи махер сум за брзи салати, само да не се задржувам во кујна премногу време. Еве уште една во редот на млечни освежителни салати.
Подготовка
Кикикириките ги мелеме во нутрибулет. Сирењето бидејќи е масно и меко, го гмечиме со вилушка. Кашкавалот, краставицата и саламата ги сечкаме на ситни коцки. Сето ова го соединуваме со киселата павлака и мајонезот . Додаваме копар за вкус.
Забелешка: Сол не ставам бидејќи сирењето е солено.