Лесни и за припрема и за јадење, се изобличуваат со разни вкусови по ваша желба...

Шлаг пена се бие со ладно млеко и ладна минерална вода, се дели на три дела целата смеса, во едниот се ставаат мелени бисквити, во другиот дел по мелени ореви и рендано чоколадо, третиот дел кокос (овај пат додадов и зелена прехрамбена боја за ефект)
Во принцип треба да се реди едно над друго во калап како за срнечки грб, но влегоа во употреба силиконските калапчиња и доста декоративно испаднаа само смесата треба да се остави убаво да се замрзни, ден претходно зашто смесата е мека и поубаво да излезат.
За декорација секој по вкус јас топено чоколадо ставив и украсни детали од топен шеќер

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови