Ледени крем колачи
Состојки
- 200гр. шлаг пена
- 150гр. ладно млеко
- 150гр. ладна минерална вода
- 100гр. мелени бисквити
- 50гр. мелени ореви
- 50 гр. рендано чоколадо
- 100гр. кокос
- 5-6 капки екстрат од мента, зелена прехрамбена боја
Подготовка
Лесни и за припрема и за јадење, се изобличуваат со разни вкусови по ваша желба...
Шлаг пена се бие со ладно млеко и ладна минерална вода, се дели на три дела целата смеса, во едниот се ставаат мелени бисквити, во другиот дел по мелени ореви и рендано чоколадо, третиот дел кокос (овај пат додадов и зелена прехрамбена боја за ефект)
Во принцип треба да се реди едно над друго во калап како за срнечки грб, но влегоа во употреба силиконските калапчиња и доста декоративно испаднаа само смесата треба да се остави убаво да се замрзни, ден претходно зашто смесата е мека и поубаво да излезат.
За декорација секој по вкус јас топено чоколадо ставив и украсни детали од топен шеќер