Корпички со пудинг од тиква и мандарини
За корпичките во длабок сад измешајте ги брашното, солта, шеќерот и прашокот за пециво. Додадете го путерот на собна температура и јајцето и замесете мазно тесто. По потреба ставете 1-2 лажици ладна вода. Завиткајте го тестото во пластична фолија и ставете го во фрижидер на околу 30 минути.
Потоа исукајте тенка кора (2-3мм) и вадете кругови со дијаметар околу 8см. Кругчињата наредете ги во тавче за мафини (не е потребно да го подмачкувате тавчето) и печете ги на 180 степени, 15 минути.
Тиквата исечете ја на мали коцкички и ставете ја во тавче обложено со хартија за печење и печете ја во рерна на 180 степени, 20 минути.
Оставете ја да се подизлади и изблендирајте ја во мазно пире.
Од млекото одвојте дел и измешајте го со густинот. Остатокот ставете го на оган, ставете го шеќерот и со густинот сварете густ крем. Потоа тргнете го од огнот и додадете го пирето од тиква и исцедениот сок од мандарини. Измешајте и вратете на рингла да се свари до саканата густина.
Со топлиот крем полнете ги корпичките.
Чоколадото стопете го на пареа или во микропечка, додадете го зејтинот, измешајте и декорирајте ги корпичките.
Пријатен апетит!
Од оваа доза мене ми излегоа 24 колачиња.
Лиценца: Сите права се задржани
Ги чекаме солените вакви :) :)