Со миксер се матат јајцата со шеќерот и ванилата. Се додава млекото,пирето од тиква,циметот и на крај брашното. Смесата се истура во калап за мафини. Се печат на 180степени 20мин. Откако ќе се извадат од рерна спласнуваат и се прават како корпички.
Крем 
Се вари пудингот од ванила во 250мл млеко и 100гр шеќер. Откако убаво ќе се излади пудингот се додава на предходно изматен маргарин и се мати да се соедини смесата. Корпичките се оставаат потполно да се изладат и со помош на шприц се украсуваат со ванила кремот и се наросуваат со цимет.
Од оваа доза излегуваат околу 15тина парчиња

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови