6
јун
2022
Корнфлекс пита
Она што ме привлече за оваа пита беше пред се корнфлексот, а потоа и дека не содржи воопшто брашно. Питата испадна одлична за јадење.
Подготовка
1. Во длабок сад го дробиме сирењето и го мешаме со претходно разматените јајца.
2. Им се додава јогуртот и маслото и пецивото и се убаво се меша. Сол додадете доколку сметате дека треба, но и не морате ако е доволно солено сирењето.
3. На крај се додава корнфлексот и откако убаво ќе се измеша се истура во намрсено тавче (20х30).
4. Се печи на 180С околу 30на минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
како и да е, навистина е така