
21
јан
2021
Корнет- кифли
1. Во длабок сад се става квасецот со млака вода, малку шеќер и брашно и се остава да се активира. Кога ќе стаса се додава млакото млеко и се замесува со останатите состојки каде се ставаат 2 јајца. Се остава тестото да се одмори на топло 30 мин .
2. Се прават корнети од поцврста хартија(види слика) и се обложува со алуминиумска фолија.
3. Откако ќе нарасне тестото се премесува, се сука кора од половина сантиметар и се сечат ленти со ширина од 1см.Лентите се вртат околу корнетот. Се премачкуваат со јајце па со растопен маргарин и се оставаат да нараснат.
4. Се печат на 180 С-25мин. Се полнат по желба- со руска салата, француска, мешана, изварок салата...
Лиценца: Сите права се задржани