Корнет вафли со Нутела
Во еден мал сад со жица измешајте ги брашното, шеќерот во прав, циметот и нишестето.
Во поголем сад матете ја слатката павлака со ванилиниот шеќер додека не добиете пена, некаде околу 5 мин. Додајте ги сувите состојки и измешајте со шпатула додека состојките сосема не се соединат.
Оставете да одстои покриено 30 мин.
Загрејте ја вафлерицата или обичен тостер. Ставајте купчиња колку една лажица и испечете вафли. Ако печите во срцест калап, раздвојте ги веднаш, зошто после се кршат, а ако печите на обичен тостер, уште додека се топли исечете кругови или други форми по ваша желба.
Не ги препекувајте и не ги правете предебели зошто доста се стврднуваат кога ќе се оладат.
Оставете на жица сосема да се оладат.
Спојувајте ги по 2 со Нутела. Чувајте ги во добро затворена кутија за да не повлечат влага.
Мене ми испаднаа 12 колаченца.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Za ostatokot od tekstot ke dadam kafe na Sirok Sokak :)))
Mnogu ti fala :))
LiliN , odlicen receptot, ...a zamini malku kaj PP i citaj, Pozdrav i da ne si ja vodela Vanja na sirok sokak, pa ne zasluzi mnogu, ne ispoplasi... a taa samo ednostavno - Zalam..
можеби не е соодветно овде во коментар да стои рецептот, но се работи за вондредни околкости, па кога ќе се вратат изгубените рецепти се надевам и коментарот ќе се избриши. Имено, јас малку се помачив за да си го најдам рецептот, па бидејќи синко ги бендисал еве за него
Меки миризливи вафли со мед
Потребно:
150 гр омекнат маргарин
3 јајца
50 гр шеќер
150 гр мед
Прстофат сол
250 мл млеко
300 гр брашно
½ пак лимон шеќер
1 лажиче мешавина зачин за пченица
1 прашок за печење
Подготовка:
Маргаринот со шеќерот, солта и медот пенасто се матат, па се додаваат јајцата едно по едно. Секое се мати по една минута посебно.
Се додава млекото, па брашното и прашокот за печење и на крај зачинот и лимон шеќерот и се печат во ваферка.
Можи да ги послужите одозгора со мед и ореви, со готов пудинг или пак некој овошен прелив.
Се надевам дека се овие тие што ги бараш.
Поздрав