Копишмиде
1. Брашното се замесува со солта, квасецот, маслото и млаката вода за да добиеме средно тесто (отприлика 300-400 мл вода ).
2. Тетсото го оставаме да стаса 30 минути.
3. Тетсото го делиме на 3 дела, а секој дел на уште 5 дела.
4. Маргаринот го делиме на 12 дела бидејќи на толку пати ќе треба да ги премачкаме корите.
5. Првин работиме со првите 5 дела. Од секое парче тесто расукуваме кора со големина на 1 чинија. Премачкуваме со маргарин. Ги расукуваме и останатите 4 дела, вез секое мачкаме со маргарин освен врз последното.
6. Истата постапка ја повторуваме и со останатото тесто. Што значи добиваме 3 купчина од по 5 расукани кори една врз друга. Ги оставаме да постојат 5 минути.
7. Од првото купче расукуваме кора со големина колку караванче број 30.
8. Караванчето го премачкуваме со масло. Во него ја ставаме првата кора.
9. Сирењето или урдата ги дробиме со виљушка. Половина ставаме врз првата кора.
10. Од второто купче расукуваме втора кора која ја ставаме врз првата. Врз неа го ставаме остатокот од сирењето или урдата.
11. Ја расукуваме и третата кора. Јас ставаме и неа во караванчето.
12. Со прстите лесно го притискаме тестото и го сечиме на коцки или ромбоиди.
13. Го оставаме да стаса. Го попрскуваме копишмидето со 3 лажици масло.
14. Печиме во загреана рерна првин 10 минути на 250 степени, а потоа на 180 степени уште 20 минути.
Лиценца: Сите права се задржани
Cestitki!!