Во едно средно големо тенџерче ставете ги коцките компир, додајте ги коцката за супа, гранчината магдонос и мајчината душица, додајте вода да се покрие, па на среден оган варете петнаесетина минути внимавајки да не се развари компирот.
Исцедете ја водата и ставете ги компирите во еден поголем длабок сад да се подоладат.
Црвениот кромид многу, многу ситно исецкајте го. Помешајте ги сенфот и мајонезот, па се додајте во компирите. Посолете и побиберете по вкус и измешајте.
Покријте ја салатата и оставете да постои некаде половина час на собна температура да се соединат вкусовите.
Ако треба дотерајте го вкусот, а ако сакате одозгора додадете ситно сецкани ливчина магдонос.

Најубава е млака, ама и другиот ден може само кратко, на триесетина секунди да се подгрее во микробранова.
Понекогаш, зависно од сортата на компири ми доага како посува, па јас додавам и малку масло.
Послужете со јадења од риба, како салата или веке како вам ви одговара

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани