13
дек
2017
Мајонез компир салата (посно)
Предлог мајонез салата за претстојните посни празници. Се надевам дека ќе се најде и на вашите трпези.
Подготовка
Компирите ги вариме, ладиме па ги сечкаме на коцки. Празот го сечкаме на ситни парченца. Краставичките исто ги сечкаме. Сите состојки ги ставаме во еден сад. Грашокот го цедиме убаво и го додаваме и него. Зачинуваме па целата смеса ја соединуваме со посниот мајонез.
Забелешка
Оставаме да се соединат вкусовите барем 2 часа во фрижидер, ама и веднаш да се јаде е вкусна салатава.