7
ное
2013
Комбинирани соленки со бело вино
Рецептов и го должам на Клара ... конечно =)
Овде во малку изменет состав, една поздрава варијанта. Секако може да биде и само бело брашно.
1. Од сите состојки се замесува меко нелепливо тесто. Се развлекува кора со дебелина од 3-4мм, се премачкува со разматено јајце и се наросува со сусам, ким, мак или нешто по желба. Се сечат лентички со дебелина од 1см. па се виткаат 2 пати за да се добие форма на спирала. Се редат во намрсен плех и се печат во претходно загреана рерна (околу 10-15 мин. во зависност од загреаноста на рерната)
Послужете со чашка пиво =)
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани
Кларич и јас немам баш брашно, но имам машинче за мелење кафе па си мелам снегулки ... но можеш да пробаш со било каков вид на брашно, секако ќе бидат :)