Испечати

Комбинирани соленки со бело вино

Комбинирани соленки со бело вино

Состојки

  • 100мл. зејтин
  • 100мл. бело вино
  • 1 чаша (од 200мл.) бело брашно
  • 2 чаши овесно брашно (мелени овесни снегулки)
  • 1 полна лажица мелено ленено семе
  • 1 пециво
  • по вкус сол
  • 1 јајце (за премачкување)
  • за посипување сусам, ким, оригано, мак

Подготовка

Рецептов и го должам на Клара ... конечно =)
Овде во малку изменет состав, една поздрава варијанта. Секако може да биде и само бело брашно.

1. Од сите состојки се замесува меко нелепливо тесто. Се развлекува кора со дебелина од 3-4мм, се премачкува со разматено јајце и се наросува со сусам, ким, мак или нешто по желба. Се сечат лентички со дебелина од 1см. па се виткаат 2 пати за да се добие форма на спирала. Се редат во намрсен плех и се печат во претходно загреана рерна (околу 10-15 мин. во зависност од загреаноста на рерната)
Послужете со чашка пиво =)

Добар апетит =)