
8
фев
2015
Комбиниран ручек
1. Месото го сечеме на коцки и го пропржуваме на масло до зацрвенување. Потоа ставаме 1 чаша вода и го динстаме додека да изврие водата. Го вадиме и во истата тава го пржиме ситно насечканиот кромид.
2. Во тавата со веќе пропржениот кромид, го ставаме компирот сечкан на коцки.
3. Пропржуваме некоја минута па налеваме 2 чаши вода и го оставаме да врие на тивко.
4. При крајот на варењето кога компирот скоро ни е варен ги ставаме месото и грашокот и тие да се соединат.
5. Ги ставаме зачините, брашното убаво размешано во малку вода, ако е потребно додаваме уште малку вода во тавата и вриеме до посакуваната густина.
Инаку комбиниран затоа што е и динстан и пржен =)
Чашата е од 160 мл.
Пријатен ручек!
Лиценца: Сите права се задржани
:):):):)