Колачи бели лебеди
Одамна не сум постирала некој нов рецепт, ама еве сега нешто вкусно и слатко за сите љубители на КОКОСОТ.
Се делат белките од жолчките и се матат со шеќерот додека се добие убава цврста пена. При матењето се додава и оцетот. Вака изматените белки се оставаат да одстојат во фрижидер 30 мин . Потоа се додава кокосот и убаво се замешува целата смеса. Со лажичка се зема од смесата и со прст се ставаат мали топчиња на плех обложен со пек- хартија. Може и со шприц да ги правите ама со поголем отвор, бидејки кокосот ќе ви заглавува. Се печат на загреана рерна 175 Ц , 15 мин.
За фил
Се матат жолчките со путерот додека смесата не се соедини. Испечените колачиња се лепат измегу со филот и одозгора се полеваат со топено чоколадо. Добар апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Има уште или ? :)))