Колач со портокал во куглоф
Одвојте ги жолчките од белките. Белките со миксер убаво треба да се изматат во цврст снег, па се додава шеќерот и ванилата. Потоа се додаваат и жолчките. Се додава и кората од портокал, брашното и пецивото, се меша со жица за матење, се додава и исечканите портокали, ренданата чоколада и на крај растопениот маргарин. Смесата се истура во намрснет и набрашнет куглоф калап.
Се пече во рерна на 170 степени, околу 60 минути.
Колачот откако се олади малку се вади од калапот. Пред послужување се посипува со шеќер во прав.
Совет- Пред да се почне со припремата, кугловиот калап се подмачкува со зејтин и се набрашнува, за на крај колачот полесно да излезе од калапот. Секако, овој совет не е потребен доколку се користи куглоф калап од Делимано.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
во срце ме погоди со ова :) :) :) :)
малку и циметче и кранфилче за мирис и заборави мој број телефона :) :) :) :)
Да, колачот е многу вкусен, мек како сунгерче, со мирис на портокал и ванила, со чоколада...што да Ви кажувам. Често го правам, бидејки лесно се прави и секако веќе кажав мноооогу е вкусен! Испробајте го !!!