Испечати

Колач со портокал во куглоф

Колач со портокал во куглоф

Состојки

  • 8 Јајца
  • 100 гр. Шеќер
  • 1/2 лажица Рендан портокал
  • 2 Портокала, олупени и исечкани на коцки
  • 100 гр. Грубо рендана чоколада за готвење
  • 1 Ванила
  • 200 гр. Брашно тип 400
  • 125 гр. Растопен маргарин
  • 1 Прашок за пециво

Подготовка

Одвојте ги жолчките од белките. Белките со миксер убаво треба да се изматат во цврст снег, па се додава шеќерот и ванилата. Потоа се додаваат и жолчките. Се додава и кората од портокал, брашното и пецивото, се меша со жица за матење, се додава и исечканите портокали, ренданата чоколада и на крај растопениот маргарин. Смесата се истура во намрснет и набрашнет куглоф калап.
Се пече во рерна на 170 степени, околу 60 минути.
Колачот откако се олади малку се вади од калапот. Пред послужување се посипува со шеќер во прав.

Совет- Пред да се почне со припремата, кугловиот калап се подмачкува со зејтин и се набрашнува, за на крај колачот полесно да излезе од калапот. Секако, овој совет не е потребен доколку се користи куглоф калап од Делимано.