Во сад за матење пенесто изматете ги јајцата и шеќерот.
Додајте ја слатката павлака и матете уште 1-2 минути.
Со постојано мешање со жица, додавајте го брашното измешано со пецивото.
На крај додајте го какаото и убаво со мешање соединете ја смесата.
Тавата за печење обложете ја со хартија за печење и ставете ја изматената смеса.
Печете на 180 степени, 20 минути.
Испечениот пандишпан оставете го да се излади.

Крем
Во сад за матење ставете го маскарпонето и шеќерот и убаво со миксер изматете.
Во друг сад изматете ја слатката павлака, а потоа додајте ја во садот со маскарпонето.
Убаво измешајте и додајте ја праската исечена на мали парчиња.

Изладениот пандишпан исечете го на половина.
На долната половина нанесете го кремот и поклопете со преостанатата половина од пандишпанот,
Ставете го колачот во фрижидер 1 час, потоа наросете го со шеќер во прав и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани