Едноставен и вкусен колач.

Ја подготвуваме пандиспањата на стандарден начин. Ги матиме белките со малку сол, па го додаваме шеќерот, киселината, на крај кокосот, брашното и пецивото.
Се излева во тркалезен калап за печење со пречник од 28 цм., кој сме го подмачкале со маргарин.
Одозгора се посипува со сецканите лешничиња.
Се става да се пече во загреана рерна и се пече на 180 степени додека порумени (пробајте со чепкалка дали е готово).

Кремот го спремаме на тој начин што во мал дел од млекото го раствораме брашното (лажиците убаво полни) и ги додаваме изматените жолчки, а за тоа време на оган ни зоврива остатокот од млекото со шеќерот. Ја додаваме смесата во зовриеното млеко и го вариме кремот додека ја добие потребната густина.
Млакиот крем го додаваме лажица по лажица во добро изработениот путер или маргарин.
Го нанесуваме готовиот крем на кората која ни е ставена на чинија за торта.
Ја матиме шлаг пената према упатството на кесичката и ја нанесуваме врз кремот.
Одозгора наросуваме со кокос.
Оставаме добро да се излади и стегне колачот и сечеме на коцки.
Уживајте!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани