Најпрво црешите се мијат и чистат од коските. Потоа се оставаат да се цедат.
Белките со прстофат сол се матат настрана.
Жолчките со шеќерот и ванилата се матат до убава густина, па се додава киселото млеко/павлака и на крај гризот.
Во смесата со жолчки се додаваат матените белки и едносмерно со лажица се меша до изедначување.
Смесата се истура во намастено тавче 20х30, одозгора се редат исчистените и исцедени цреши и се печи во загреана рерна на 180С, 20-30 минути зависно од рерната.
Оладениот колач се сечи на коцки и се посипува со шеќер во прав.