Испечати

Колач со гриз и цреши (без брашно)

Колач со гриз и цреши (без брашно)

Состојки

  • 400 гр јајца
  • 150 гр шеќер
  • 2 ванилин шеќер
  • 200 мл кисело млеко или цврст јогурт
  • 200 гр гриз
  • прстофат сол
  • 400 гр цреши

Подготовка

Најпрво црешите се мијат и чистат од коските. Потоа се оставаат да се цедат.
Белките со прстофат сол се матат настрана.
Жолчките со шеќерот и ванилата се матат до убава густина, па се додава киселото млеко/павлака и на крај гризот.
Во смесата со жолчки се додаваат матените белки и едносмерно со лажица се меша до изедначување.
Смесата се истура во намастено тавче 20х30, одозгора се редат исчистените и исцедени цреши и се печи во загреана рерна на 180С, 20-30 минути зависно од рерната.
Оладениот колач се сечи на коцки и се посипува со шеќер во прав.