Најпрво црешите се мијат и чистат од коските. Потоа се оставаат да се цедат.

Белките со прстофат сол се матат настрана.

Жолчките со шеќерот и ванилата се матат до убава густина, па се додава киселото млеко/павлака и на крај гризот.

Во смесата со жолчки се додаваат матените белки и едносмерно со лажица се меша до изедначување.

Смесата се истура во намастено тавче 20х30, одозгора се редат исчистените и исцедени цреши и се печи во загреана рерна на 180С 20-30 минути зависно од рерната.

Оладениот колач се сечи на коцки и се посипува со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови