19
јун
2018
Брз колач со цреши
Рерната вклучете ја да се загрева. Долгнавесто тавче бр.36 премачкајте го со зејтин и набрашнете го.
Јајцата изматете ги убаво со шеќерот. Се мати подолго додека да добиете убава, густа и жолта кремаста смеса. Намалете ја брзината на миксерот па додавајте ги постепено прво јогуртот, па зејтинот и на крај брашното измешано со пецивото. Истурете ја смесата во тавата и одозгора наредете ги црешите или вишните. Печете околу 40 минути во зависност од рерната. На половина од печењето јас го покрив колачот со хартија за да не изгори.
Откако ќе се испече, оставете убаво да се олади, посипете со шеќер во прав па сечете парчиња.
На здравје!