Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Долгнавесто тавче бр.36 премачкајте го со зејтин и набрашнете го.
Јајцата изматете ги убаво со шеќерот. Се мати подолго додека да добиете убава, густа и жолта кремаста смеса. Намалете ја брзината на миксерот па додавајте ги постепено прво јогуртот, па зејтинот и на крај брашното измешано со пецивото. Истурете ја смесата во тавата и одозгора наредетеги црешите или вишните. Печете околу 40 минути во зависност од рерната. На половина од печењето јас го покрив колачот со хартија за да не изгори.
Откако ќе се испече, оставете убаво да се олади, посипете со шеќер во прав па сечете парчиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани