Брз колач со цреши
Состојки
- 5 јајца
- 1 и 1/2 чаша шеќер
- 1 и 1/2 чаша јогурт
- 1 чаша зејтин
- 2 чаши брашно
- 1 прашок за пециво
- 500гр исчистени цреши или вишни
- по потреба шеќер во прав за посипување
- *чашата е од 200мл.
Подготовка
Рерната вклучете ја да се загрева. Долгнавесто тавче бр.36 премачкајте го со зејтин и набрашнете го.
Јајцата изматете ги убаво со шеќерот. Се мати подолго додека да добиете убава, густа и жолта кремаста смеса. Намалете ја брзината на миксерот па додавајте ги постепено прво јогуртот, па зејтинот и на крај брашното измешано со пецивото. Истурете ја смесата во тавата и одозгора наредете ги црешите или вишните. Печете околу 40 минути во зависност од рерната. На половина од печењето јас го покрив колачот со хартија за да не изгори.
Откако ќе се испече, оставете убаво да се олади, посипете со шеќер во прав па сечете парчиња.
На здравје!