Колач со вишни и шманд
За тестото, изматете ги јајцата со шеќерот, додадете го маргаринот и откако убаво ќе се спојат состојките додадете го брашното, пецивото и ванилиниот шеќер. Истурете ја смесата на хартија за печење во подлабок плех од рерна. Израмнете го тестото убаво и печете на 180 степени 20 мин.
За тоа време спремете го филот. Вишните исцедете ги, а течноста од компотот оставете ја настрана (ќе ви треба за подготовка на преливот).
Во млекото сварете го пудингот според упатсвото на кесичката (со 4 лажици шеќер). Тргнете го на страна и оставете го само кратко да се олади.
За тоа време изматете ги жолчките со жица за матење и додадете го шмандот. Таа смеса измешајте ја во пудингот. Распоредете ја рамномерно врз тестото и одозгора ставете ги вишните. Ставете повторно да се пече на истата температура 20 минути. Оставете колачот да се излади.
Преливот за торта спремете го според упатството на кесичката, но со сокот од компотот. Ако ви недостасува течност (вкупно 750мл.) доставете вода. Прелијте го колачот и оставете убаво да се излади.
Колачот е најубав наредниот ден откако ќе се спреми. Кај мене никој не е толку стрплив, па одма се сече и се јаде.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови