26
сеп
2013
Коктел Зајди, зајди...
Иако овој коктел по боите потсетува на сонце, името си го доби по времето кога го фотографирав... баш тогаш зајде сонцето. А коктел „Зајдисонце“ веќе постои, па да нема забуни го крстив „Зајди, зајди...“ Помакедонско, здравје „“)
Во чаша сипете го газираниот сок од портокал. Чашата треба да биде речиси полна. Потоа многу пополека, во мал млаз кој ќе тече по чашата, сипете го виното. Вино треба да има многу малку... најмногу 5мм во висина. Ако има повеќе ќе се обои сокот од виното и нема да има прелевање на боите. Друг услов за успешен коктел е сокот да е ладен и што повеќе газиран.
Уживајте!
Лиценца: Сите права се задржани
А дека некој ќе се испијани од ова се сомневам. Секако ако се придржува до количеството во рецептот. Ако реши повеќе на вино да биде, тогаш се е можно ;)
Бети, значи Шпеци всусност ти преку брат ти им го имаш пренесено на швабите таму :))))
Мислев дека само фанта мешаат, не знаев дека и кола исто така-ете научив плус уште нешто ;)