Кога ќе купам од оние колачи кои се мешавина, како Мозаик на пример, секогаш гледам да ги земам најпрво малечките конусни колачи со кокос. Многу ги сакам. Овој рецепт ми е запишан во тетратката повеќе од една деценија и стрпливо си го чекаше редот. И кога конечно му дојде редот, се воодушевив од блискоста на вкусот со купените кокосови, па скоро и да е ист, со таа разлика што сега ги имам дома и мнооогу повеќе отколку како делче од мешавина  Трагаме по некои работи не знаејќи дека веќе сме ги поседувале.

Подготовката оди лесно...Најпрво измешајте ги сувите состојки, па додадете го маргаринот кој бил на собна температура и добро протријте низ прстите. На крај додадете го јајцето и убаво и упорно измесете глатко тесто.
Со помош на модла вадете форми и печете на 180 степени нецели 10 мин.

*Место сок, ми се прочита кора од лимон, па бидејќи немав во моментот, на пола доза не ставив ништо и драго ми е за тоа. Едноставно се доби баш вистинската комбинација. Ми се чини дека со лимонот ќе се разбиеше онаа магија на кокосот кој го опишував погоре. На другата половина додадов ванилин шеќер со вкус на портокал. Не беше страшно, но мене ми се допаднаа оние другите повеќе. Накратко, направете си една половина без лимонот, па видете кое повеќе ќе ви се допадни. Уживајте, јас додека не се потрошија ништо друго и не јадев)))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани