Подготовка на темна смеса
Млекото и шеќерот ги ставаме во тенџере на оган малку да зовријат го тргаме од оган. Кога ќе се подолади млекото го додаваме какаото и мелените бисквити месиме со рака.

Подготовка на светла смеса
Маргаринот треба да биде на собна температура за да може да се меси. Во сад го ставаме маргаринот, кокосот и шеќерот во прав. Ги месиме убаво состојките за да се соединат.
На најлонска фолја ја ставаме темната смеса и ја распоредуваме, врз неа ја ставаме и светлата смеса. Со помош на фолијата го виткаме ролатот и оставаме малку да одстои па го сечеме.

Лиценца: Сите права се задржани