6
дек
2013
Брз кокосов ролат без печење
Подготовка на темна смеса
Млекото и шеќерот ги ставаме во тенџере на оган малку да зовријат го тргаме од оган. Кога ќе се подолади млекото го додаваме какаото и мелените бисквити месиме со рака.
Подготовка на светла смеса
Маргаринот треба да биде на собна температура за да може да се меси. Во сад го ставаме маргаринот, кокосот и шеќерот во прав. Ги месиме убаво состојките за да се соединат.
На најлонска фолја ја ставаме темната смеса и ја распоредуваме, врз неа ја ставаме и светлата смеса. Со помош на фолијата го виткаме ролатот и оставаме малку да одстои па го сечеме.
Лиценца: Сите права се задржани
Драга aleksandardafinka_tashev
Еден од главните критериуми за избор на Рецепт на денот и Рецепт на месецот е и добрата фотографија.
Во иднина потруди се да фотографираш на дневна светлина и со малку поголема одалеченост од приготвеното јадење за фотографиите да не бидат матни.
Доколку направиш подобри фотографии од истиот рецепт, испрати ни ги на мејл или во порака на ФБ и ние веднаш ќе ја замениме.
Добредојде и се надеваме на долга и убава дружба со тебе.
Поздрав,
Тимот на МоиРецепти
Cestitki:)