Кокосов ролат
1. Најпрво се подготвува темниот дел. Мелените бисквити и шеќерот во прав се мешаат во подлабок сад.
2. Потоа се додава ренданото чоколадо и малку по малку започнува да се додава топлото млеко. На крај се додава какото и се убаво се измешува.
3. Потоа се приготвува белиот дел. Маргаринот и шеќерот во прав се матат со миксер за да се соединат. Потоа се додава кокосот и убаво со рака се меси тестото додека да се соединат состојките.
4. Темниот дел се расукува врз фолја во средна дебелина, кората да не биде ниту многу дебела ниту многу тенка, врз црниот дел се нанесува белиот дел и убаво се распоредува насекаде и внимателно мотаме ролат.
5. Чоколадите се топат со 2 кафени лажици масло и се премачкува целиот ролат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Ќе го спружам линкот до јајчениот сега :)
http://moirecepti.mk/post/%D1%86%D1%80%D0%BD%D0%BE-%D0%B1%D0%B5%D0%BB-%D1%84%D1%80%D0%B8%D0%B7-%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%82-%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D1%87