Диплени кифли
Подготовка
1. Ставете го брашното во садот за месење и направете дупка во која ќе ги ставите топлата вода, издобен квасецот и шеќерот. Оставете квасецот да запени, па потоа додадете ги останатите состојки од кои на крај замлачена сурутката и измесете тесто. Доколку немате сурутка, секако можи да ја земените со млеко и вода за истата количина.
2. Оставете го тестото на топло да се дуплира, благо премесете го и расучете го на набрашнета работна маса најтенко што можите.
3. Со голем кружен калап сечете форми кои ќе ги премачкувате со стопениот путер. Најпрво секој круг се превиткува на пола, таа пола повторно се премачкува со путер, па уште еднаш на пола. Значи секој круг два пати здиплен треба да дојди како конус, триаголник форма.
4. Кифличките се редат во плех, се премачкуваат со јајце и се наросуваат со сусам.
Се печат на 190-200С 15-20 минути.
5. Готовите кифлички, доколку сте ги направиле поголеми во внатрешноста на превитканите делови, можи да ги наполните со фил, како на пример за сендвичи да ставите кашкавал, сувомеснато и некоја салатка.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови