Се зафаќа квасецот со сите горе наведени состојки, треба да се добие густа кашеста маса. Се остава на топло да се активира. Се зафака во садот во кој ќе се меси.

Штом се активира се додаваат другите наведени состојки за тесто и се замесува средно меко тесто, не лепливо на рака.

Се остава на топло, да го дуплира волуменот околу 45 мин..

Се дели на топчиња, со големина на орев.

Се расукуваат и се става фил-изварка со белка.

Се виткаат, се редат во намрсен плех, се премачкуваат со жолчка разматена со млекце или јогурт, се става сусам и ким.

Се киснат 30 мин., па се печат во загреана рерна околу 18-20 мин. на 200.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани