Испечати

Кифли со пченкарно брашно - проја кифли

Кифли со пченкарно брашно - проја кифли

Состојки

  • За активирање на квасецот
  • 1 пресен квасец
  • 200 мл. топла вода
  • 1 лажица шеќер
  • неколку лажици брашно
  • За тесто
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица сол
  • 200 мл. масло
  • 200 мл. јогурт на собна температура или малку затоплен
  • 1 жолчка
  • 1 пециво
  • 500 гр. обично бело брашно
  • 500 гр. пченкарно брашно
  • по потреба околу 200-250 мл. топла вода за замесување
  • За одозгора
  • 1-2 жолчки разматени со малку млеко
  • по потреба ким и сусам

Подготовка

Се зафаќа квасецот со сите горе наведени состојки, треба да се добие густа кашеста маса. Се остава на топло да се активира. Се зафака во садот во кој ќе се меси.

Штом се активира се додаваат другите наведени состојки за тесто и се замесува средно меко тесто, не лепливо на рака.

Се остава на топло, да го дуплира волуменот околу 45 мин..

Се дели на топчиња, со големина на орев.

Се расукуваат и се става фил-изварка со белка.

Се виткаат, се редат во намрсен плех, се премачкуваат со жолчка разматена со млекце или јогурт, се става сусам и ким.

Се киснат 30 мин., па се печат во загреана рерна околу 18-20 мин. на 200.

На здравје!