Кинески шпагети со ориентален сос
Овој пат решив да се ставам на проба со комбинирање на вкусови кои не ги практикуваме баш често, крајниот резултат одлично помина.
Пилешките гради исечете ги на потенки стапчиња.
Посолете ги и наросете мелен црн бибер.
Во подлабок сад ставете го кокосовото млеко,соја сосот, куркумата,сусамовото масло, ренданиот ѓумбир, циметот и малку сол.
Убаво измешајте ги сите состојки и додајте ги парчињата пилешко.
Покријте го садот со најлонска фолија и оставете да отстои во фрижидер неколку часа.
Откако месото ќе отстои во маринадата, ставете го во тава на оган со малку маслиново масло да се пржи.
За време на пржењето додајте 2 лажици соја сос, 1 лажичка сусамово масло и рамна лажица сусам.
Откако месото ќе се испржи извадете го во чинија, а во тавата додајте ја преостанатата маринада.
Вратете ја на кратко тавата на оган колку да проврие маринадата со маслото што е преостанато во тавата.
Во зовриена вода ставете ги шпагетите да се варат(овие шпагети се варат пократко, околу 4-5 минути),
Сварените шпагети убаво исцедете ги.
Во чинија за сервирање ставете од шпагетите, одозгора нанесете од сосот од тавата и парчиња пилешко.
Нанесете и сосема малку магдонос и послужете.
Лиценца: Сите права се задржани
Malku me zbuni ona "vegan" vo naslovot, ama posle vidov deka se odnesuva samo na spagetite a ne na celiot recept... :))