Киндер буено торта
Кората се подготвува стандард.
Се матат белките со солцата, шеќерот помешан со ванила се додава на неколку пати. Кога ќе се добие цврст шам се додаваат брашното со лешниците и пецивото, заедно помешани, мешајќи со лопатка. Убаво се изедначува смесата и се излева во плех 32 на 39 см. оболжен со хартија за печење само на дното. За полесно фиксирање плехот се премачкува со масло, па се става хартијата.
Се печи во загреана рерна на 180 степени 20 мин., или според вашата рерна. Кората е мошне мека, нежна, јас ја попрскав со околу 100 мл. млеко, а и не мора.
Киндер буено фил
Слатката павлака се загрева и пред да зоврие се трга, се полева искршеното чоколадо. Се меша убаво додека се стопи чоколадото. Прво се остава да се лади на собна температура, а после во фрижидер на неколку часа, покриено. Се миксира и се додаваат кршени наполитанчињата. Јас овој фил го направив најпрво, за да добијам на време.
Жолт фил
Жолчките се матат, им се додава пудингот и малку млеко, а остатокот се зоврива со шеќерот. Се трга од оган пред да зоврие, се додава смесата, се враќа на умерен оган и со постојано мешање се готви додека добие убава густина, колку подолго-толку подобро. Се трга од оган, се миксира и се остава да се лади со чести промешувања.П
ред да се додади крем сирењето уште еднаш се миксира и му се додава, па заедно се миксира. Слатката павлака се мати и се вмешува нежно со лопатка во филот.
За глазурата - чоколадото за готвење се прелива со загреаната слатка павлака.Убаво се меша да се стопи, малку да здивни и се нанесува над цела торта.
Финална постапка
1/3 од кората (кората се сечи на три еднакви дела) се премачкува со Нутела, па половина од Киндер буено филот, па половина од жолтиот фил (од него се остава малку и за целосно премачкување на тортата).
Се повторува уште еднаш постапката.
Се става и третата третина од кората, се премачкува само со жолт фил, па се полева со глазурата.Кога малку ќе се стегни се наросуваат мелени лешници.
Тортата е многу вкусна, фаворит стана на моите. Инаку беше роденденска...))))
Рецептот го најдов на јутуб, но го прилагодив према моја потреба.
Тортата убаво се лади, во фрижидер преку ноќ, па се сечи.
При сечењето ножот обавезно под млаз жешка вода и убаво избришан, бидејќи Буено филот е поприлично цврст, така следен пат ќе пробам чоколадото да го намалам во филот.
Во тортата нема маргарин или путер.
Уживајте!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови
I ovaa ne otstapuva.
Srekjen rodenden na slavenikot.