Кесадиља е типично мексиканско јадење кое се подготвува со тортиљи и каде главна состојка е сирењето (кашкавал). Типично за кесадиљата е што во подготовката тортиљите се преклопуваат на средина, не се виткаат во ролна.

За подготовка на тортиљите, измешајте го брашното со солта и зејтинот и додавајте ја постепено водата. Месете додека не добието мазно тесто. Од оваа количина брашно излегуваат 5 тортиљи. Значи, поделете го тестото на 5 топчиња и од секое топче расукајте што потенка округла кора. Веднаш пржете ги во тефлонска тава без масло и на средна температура. При пржењето тортиљите ќе почнат на некои делови да се поткреваат (се прават меури од воздух), потиснете ги со лажицата. Кога ќе се готови, покријте ги со крпа или фолија за да останат меки.

Подготовка на кесадиљите
Земете една тортиља и на едната половина ставете две парчиња пршута претходно искината на неколку парчиња. Врз неа ставете од кашкавалот, а потоа 2-3 лажички кисела павлака. Наросете со неколку кругчиња млад кромид. Преклопете ја тортиљата на средина и премачкајте ја од двете страни со маслиново масло. Ставете ја во тефлонска тава (без зејтин) и пржете отприлика по една минута од двете страни на средна температура.
Послужете ги топли. Добар апетит!

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови