Едноставен, вкусен, лесен колач.

1. Се матат јајцата со сол и шеќер, до побелување и зголемување на волуменот на смесата. Потоа во танок млаз се додава маслото, постепено, матејќи на најбрзо, а потоа се намалува брзината на миксерот и се додава брашното помешано со какаото и пецивото. Се печи во загреана рерна на 180 околу 20 на мин..Димензиите на тавата се 37 на 25 цм..Уште додека е топло се прават вдлабнатинки со рачката од дрвена лажица. Се остава да се лади.
2. Пудингот се вари стандардно. И уште топол се излева врз кексот. Се остава да се излади.
3. За глазурата се топи чоколадото, над пареа, со маслото и млекото, па се полева врз изладениот пудинг. Се остава да се излади, па се сечи.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани