19
јан
2021
Качамак со просо и урда
Овој рецепт е без глутен... Верувам ќе му се најде некому... Вкусно е!
Подготовка
1. Водата, зачините и урдата ги соединуваме и ги ставаме да почнат да вријат.
2. Откако ќе почнат да вријат го додаваме меленото просо.
3. Околу 5 до 10 минути на средна температура со постојано мешање го вариме просото.
4. Сервираме со урда и пржена сланина.
Забелешка
Просото го мелам во Нутрибулет, а инаку мислам дека се продава и мелено, или пак може да ви го сомелат во продавниците за здрава храна...
Лиценца: Сите права се задржани