Слатка торта, карамел, банани, ореви, цимет...Кој може да и одолее секоја му чест!
Подготовка
1. Пред да почнеме да го правиме тестото ја вклучуваме рерната на 190 степени.
2. Бананите ги лупиме и ги сечкаме на кругови. Ги ставаме на дното од тавче бр. 26 кое сме го намрсиле со 2-3 капки масло.
3. Пенасто се матат јајцата со шеќерот, па се додаваат останатите состојки.
4. Смесата ја истураме врз бананите и ја ставаме да се пече во загреана рерна на 190 степени околу 15 минути. Оставете ја да се лади, па превртете ја во тањирот во кој ќе ја филувате, со тоа што бананите ќе дојдат од горна страна.
5. На тивок оган ставете го шеќерот да се топи, а слатката павлака загрејте ја. Кога шеќерот ќе се карамелизира го тргаме на страна и постепено ја додаваме слатката павлака со постојано мешање. Го враќаме тенџерето на оган и мешаме на тивок оган додека карамелот добие одредена густина, а тоа се околу 10-тина минути. Го тргаме на страна и го додаваме во него путерот, па добро мешаме за да добиеме хомогена смеса. Го оставаме карамелот да се лади.
6. Шлагот во прав го матиме со ладното млеко. Половина од карамелот го мешаме со шлагот.
7. На превртената торта прво го ставаме карамелот, па карамелизираниот шлаг. Ја ставаме во фрижидер да се стегне и да се соединат вкусовите.

Забелешка
Ако немате Делимано тава, во тој случај најдобро е да печете на намрсена хартија за печење.
За да видите дали е печена тортата проверете со чепкалка, ако е сува чепкалката, тортата е печена , ако е влажна оставете ја уште некоја минута.
Шлаг во прав ви треба околу 4 кесички, зависи која е грамажата во кесичките.
Филувањето може да го правите и со обрач за да не ви истече карамелот при филување.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани