Побрз и повкусен летен десерт не може да биде. Пожелно е да се користи сезонско овошје, јагоди, праски, вишни. Јас во моментов имав банани и додадов кандирани вишни за свежина

Подготовка:

1. Во вангличка се става киселата павлака и се додава шеќер во прав по вкус. Се соединува неколку секунди. Се додаваат кршени бисквити и се промешува со лажица. Се додаваат сецкани банани и вишни. Убаво се соединува.
2.Смесата се распоредува во калап бр 20 или мал правоаголен калап. Оставаме во фрижидер да се излади 2,3 часа. Сечиме на парчиња и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани