Петминутна торта со кисела павлака, карамел бисквити, банани и кандирани вишни
Состојки
- 400гр кисела павлака
- 400гр карамел бисквити со цимет
- 2,3 лажици шеќер во прав, не е задолжително
- 4 средни банани
- 100гр кандирани вишни
Подготовка
Побрз и повкусен летен десерт не може да биде. Пожелно е да се користи сезонско овошје, јагоди, праски, вишни. Јас во моментов имав банани и додадов кандирани вишни за свежина
Подготовка:
1. Во вангличка се става киселата павлака и се додава шеќер во прав по вкус. Се соединува неколку секунди. Се додаваат кршени бисквити и се промешува со лажица. Се додаваат сецкани банани и вишни. Убаво се соединува.
2.Смесата се распоредува во калап бр 20 или мал правоаголен калап. Оставаме во фрижидер да се излади 2,3 часа. Сечиме на парчиња и послужуваме.