Профитероли со карамелно полнење...Ова е идеален десерт за сите слаткољупци на карамел...

Подготовка на варено тесто
1. Путерот, водата, шеќерот и солта ги ставаме да почнат да вријат и да се растопи путерот. Го додаваме брашното и промешуваме. Оставаме на рингла околу 4 минути. Го тргаме на страна да се подизлади.
2. Едно по едно ги додаваме јајцата, со постојано мешање до соединување на секое јајце.
3.Смесата ја ставаме во шприц и ја распоредуваме во намрсено тавче или на хартија за печење.
4. Ги премачкуваме со разматено јајце во кое сме додале малку вода.
5. Ги печеме во загреана рерна на 190 степени, додека да ни добијат златно-жолта боја. Не ја отвораме рерната додека се печат.
6. Ги вадиме, ладиме и ги сечеме на половина

Подготовка на филот
1. Во дел од млекото го раствораме прашокот за пудинг.
2. Млекото со шеќер го ставаме да почне да врие.
3. Го ставаме пудингот и мешаме додека да се згусне. Го ладиме.
4. Пенасто матиме путер оставен на собна температура со шеќер во прав.
5. Го додаваме во изладениот пудинг и матиме до соединување. На крајот го додаваме и солениот карамел и соединуваме.
6. Ги сечеме скоро на половина и ги полниме печените топчиња.

Сервираме и ги преливаме со солен карамел.

Забелешка
Вареното тесто може да си го подготвите по ваш рецепт, а може да го подготвите и по мојот рецепт кој ќе стои овде и како посебен рецепт бидејќи е универзално, уникатно, најшупликаво тесто кое е идеално за полнење.
Рецепт за солен карамел имате овде 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани