Капучино-чоколаден кекс со лешници
Најпрво да кажам дека не мора баш куглоф во класична смисла на зборот ист ефект има ако се печи и во некој подлабок калап за векнички.
Сум го сретнала некаде низ нет, па ете му испадна шанса сега.
Сите состојки се ставаат во подлабока сад, онака по редослед притоа путерот односно маргаринот зависно што ќе користите се остава претходно на собна температура, па се сечка на ливчиња, се става се заедно до текстот за чоколаден дел.
Се бие со миксер 5 минути да се соединат сите состојки.
Настрана се топи чоколадото, се меша какаото со млекото, па се става во топеното чоколадо, се додава дел од светлата смеса. Во калап за куглоф или по избор (доколку не е силиконски премачкајте го маргарин и малкуцка брашно) се става светол дел од тестото, најгоре се шари со темниот. Со лажица малку нека навлезе во калапот кафеавиот дел, иако се гледа густ ќе си се среди при печењето, кое треба да е на 180 степени и добри 50 мин. секогаш зависно од рерната
Направете проверка, внимавајте никако да не се препечи
Десертчето е готово.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови