Кантучи се многу вкусни италијански бисквити од областа Тоскана. Кантучите се двапати печени крцкави бисквити и се одлични за со кафе или чај.
Подготовката е следна
Сите суви состоки ставете ги во сад и убаво промешајте ги. Додадете го путерот, јајцата и млекото. Замесете меко тесто.
На набрашнета површина од тестото сучиме кора дебела околу 8мм и во средината на кората ги ставаме лешниците, бадемите и аранчините. Со тестото од страните ги преклопуваме плодовите и правиме голема векна. Векната со остар нож ја сечеме на три помали векнички.Ги печеме на 180 степени околу 30 минути.
Оставаме да се оладат кратко и со остар нож векните ги сечеме на долгнавести парчиња и повторно ги печеме уште 15 минути на 180 степени. Оставаме да оладат и уживаме.
*јас ги сечев дебели околу 15 мм бидејќи кога пробав потенки ми се ронеа. Од дебелината на бисквитите зависи колку парчиња ќе добиете. Кај мене околу 30 бисквити.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови