Кадаиф со кокос
Мојот прв кадаиф и тоа по моја замисла со кокос затоа што го обожавам.Не се покајав убава комбинација вие може да си додадете по стандарната шема ореви,лешници или фстаци.
Подготовка.
Кадаифот го распоредуваме половина во намрсен плех врз половината го посолуваме кокосот.Ја распоредуваме и другата половина вака подготвениот кадаиф го полеваме со растопениот путер.
Печете го на 160с додека не порумени малку одозгора околу половина час.
За шербетот, сварете го шеќерот и водата 5-6 мин. да врие ставете го лимонот на крукчиња и оставете го да се излади.
Млак кадаиф-млак шербет црпалка по црпалка полевајте додека го потрошите целиот шербет...
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани